М СМАРТ ЕФЕКТ повеќе од осум години е дистрибутер на иновативни и напредни решенија наменети за индустриските корисници во Македонија. Целосно сме посветени на решенија од програмата на реномираната американска компанија 3М.

М СМАРТ ЕФЕКТ е компанија која се грижи за своите корисници и помага во надминувањето на сите нивни  проблеми преку современите решенија од палетата на 3М.

Наше особено внимание е логистичка поддршка во индустријата како и оптимизирање на процесите и трошоците на компаниите кои во своите процеси на работа имаат потреба од абразија (сечење, брусење, чистење, полирање…) на сите видови метал (црни и светли метали – челици, инокс…) и дрво како и процеси во кои врзувањето на истородни или различни материјали се постигнува со лепење. Покрај артиклите за абразија и индустриски лепила и траки, М СМАРТ ЕФЕКТ нуди напредни решенија за лична заштита како и во одржувањето на индустриски и други објекти, решенија во енергетската ефикасност на објектите, преку примена на 3М фолии за стаклени површини (прозорци, врати). Во нашата понуда се продуктите на 3М познати под под-брендовите како што се:

Cubitron II™, Trizact™, Scotch Brite™, Scotch Weld™, Tinsulate™, VHB™, Nomad™, Peltor™, Speedglas®, E-A-R™, како и многу други.