Корпорацијата 3М е основана 1902 година во САД, под името Minnesota Mining and Manufacturing Company (3M) со седиште во Минесота, САД.

На почетокот, компанијата произведувала брусни хартиени материјали – шмиргли, на база на корунд, кого го обезбедувала од сопствените рудници. Компанијата го затвора рудникот, го преместува седиштето најпрвин во Duluth, а потоа конечно во St. Paul, каде продолжува со производство на хартија за брусење, но значително го подобрува нивниот квалитет со основањето на малата истражувачка лабораторија. Тоа претставува пресврт во филозофијата на компанијата која е задржана и до ден денес.

Компанијата расте и го развива својот успех благодарејќи на развојот и воведувањето на нови производи. Во дваесетите години на ХХ век, 3М ја развива првата самолеплива хартиена трака (тн. Креп трака) за заштита на делови при процесот на боење. Автолимарските работилници се воодушевени, а траката прераснува во популарен производ и предвесник на цела серија лепливи траки, особено по Втората Светска Војна. Следува развојот на рефлектирачки фолии (за сообраќајна сигнализација), винилни електроизолациски траки, целофански траки и магнетни траки за аудио снимки.

Педесетите години на ХХ век донеле значаен влез на корпорацијата во подрачјето на медицинските производи со развивањето на првата самолеплива медицинска газа – денес позната како ханзапласт. Во тој период се развиваат уште неколку прочуени производи на 3М: средства за импрегнација на текстилни ткаенини (Scotchgard™ ), (Scotch-Brite™ )  брусни сунѓери, првите комерцијални видео траки. Првиот човек на месечината, американски астронаут Нил Армстронг, 1969 година носи посебни чизми чија подлога е создадена од синтетички полимер развиен и произведен од 3М. Развојот на новите производи е условен од барањето на купувачите. Лепилата за деловите на автомобилската каросерија, самолепливите пелени за бебиња, синтетички материјали за забни протези, термоизолациски ткаенини се само дел од долгата низа на иновации на 3М.

Осумдесетите години од ХХ век научниците на 3М развиваат посебно лепило кое овозможува повторување на лепење и одлепување. Лепилото е нанесено на хартиена подлога и ги произведуваат првите самолепливи ливчиња. Post-it® ливчињата преку ноќ стануваат глобален хит и така е се до денес. Со основањето на новиот истражувачки центар во Остин (Austin, Texas USA) компанијата навлегува во индустријата на електрониката и комуникациите.

Денес, коропорацијата 3М има промет од повеќе од 30 милијарди УС Долари, со повеќе од 90.000 вработени во преку 70 семји во светот и со своите 36 развојни технолошки центри завзема водечко место како глобален производител на широка палета производи. Речиси и да нема подрачје на активност во кое 3М не учествува со своите производи. Особено тоа се однесува во подрачјето на индустриското производство.

М СМАРТ ЕФЕКТ дооел е дистрибутер за индустриски производи на корпорацијата 3М