НАПРЕДНИ КЕРАМИЧКИ ПРОДУКТИ ЗА ТЕРМОИЗОЛАЦИСКИ РЕШЕНИЈА ВО ИНДУСТРИЈАТА И ГРАДЕЖНИШТВОТО
Како компанија водена од целта да нуди технолошки напредни решенија, M SMART EFEKT е партнер на Superior Products International глобален производител на мултикерамички, високотехнолошки премази за изолација и заштита на речиси секоја површина од процесни инсталации до целосни градежни објекти. Ние сме посветени да нудиме долгорочни сигурни решенија за вашите специфични потреби, истовремено со цел да ја заштитиме и зачуваме животната средина за идните генерации.
Оваа програма на уникатни издржливи кермачини премази нуди исклучителни карактеристики на изведба кои се супериорни во својата примена. Како пионер во керамичките решенија, Superior Products International експериментира и развива употреба на керамичка „изолациска заштита“ почнувајќи од кон крајот на 80-ите година, а особено ги детерминира вистинските решенија во годините од 1992 – 2012. Оваа категорија на керамичка функционалност е нова во инженерските области. Само во последните години идејата за изолација е поврзана со овие нови видови на керамички материјали. Во бројните тестирања е утврдено дека топлината се пренесува: 57% преку инфрацрвено (долго браново) зрачење, 40% преку светлосно зрачење и 3% преку Ултравиолетово (УВ) (кратко браново) зрачење. Овие керамички премази го блокираат термичкото зрачење до 99.5% на долгобраново зрачење и до 92% на кратко браново зрачење.

