ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА, ОНЛАЈН НАРАЧКА, ПЛАЌАЊЕ И КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ М СМАРТ ЕФЕКТ ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦA

 

  1. ВОВЕД

Правното лице М СМАРТ ЕФЕКТ, а трговскиот бренд е 3М, во понатамошниот текст ќе се користи името М СМАРТ ЕФЕКТ. Предмет на овие Општи услови е утврдување на условите за онлајн нарачка, плаќање и купување нa производи преку веб страната на М СМАРТ ЕФЕКТ www.msmartefekt.com . Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за онлајн купување: Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната www.msmartefekt.com  и ја разгледува понудата на производи и/или услуги на М СМАРТ ЕФЕКТ. Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната на М СМАРТ ЕФЕКТ нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на М СМАРТ ЕФЕКТ. За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со М СМАРТ ЕФЕКТ се применуваат позитивните законски прописи во Република Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштитата на личните податоци и заштитата на потрошувачите, како и Општите услови за начинот на пристап и користење на јавните комуникациски услуги на М СМАРТ ЕФЕКТ.

 

  1. РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧОТ

Купувачот кој сака да стане корисник на услугата за електронска трговија и сака да нарача и купи производ или услуга од М СМАРТ ЕФЕКТ преку веб страната www.msmartefekt.com  потребно е по одбирањето на производот/те и нивно ставање во кошничката за купување да се регистрира на www.msmartefekt.com , за да може да отпочне и се реализира онлајн нарачката при електронска трговија. Регистрираниот онлајн купувач со пополнување на обрасците при купувањето на веб страната www.msmartefekt.com  во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува во образецот, вклучувајќи ги и личните податоци. Во моментот на нарачувањето на одреден/и производ/и од понудата, Купувачот се согласува на овие Општи Услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на производ/и преку веб страницата на М СМАРТ ЕФЕКТ. М СМАРТ ЕФЕКТ го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата за онлајн трговија. Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата на М СМАРТ ЕФЕКТ, www.msmartefekt.com .

 

 

  1. УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ

Цените на сите производи на www.msmartefekt.com се изразени во денари со вклучен ДДВ. M СМАРТ ЕФЕКТ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. Артиклите кои се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини постои можност да не бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на М СМАРТ ЕФЕКТ. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето е задолжително за реализацијата на нарачката, и при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, М СМАРТ ЕФЕКТ има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

 

  1. НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ?

Плаќањето за производите и услугите на М СМАРТ ЕФЕКТ купени преку веб страната www.msmartefekt.com  може да се изврши на еден од подолу наведените начини:

-Плаќање со платежна картичка
-Плакање со банкарски налог и верификација на оператор

4.1. Плаќање со платежна картичка

Електронското плаќање на нарачаните производи е овозможено преку Стопанска Банка АД Скопје, членка на NBG групацијата, со сите картички од брендот на MasterCard и VISA издадени од која било банка во светот, а електронското дополнување е овозможено со истите картички издадени само во Р. Македонија. При плаќањето со платежна картичка, авторизацијата се врши автоматски онлајн преку CaSys. По успешно извршената авторизација, Корисникот прима известување за извршеното успешно/неуспешно плаќање по пат на е-пошта и/или СМС.

  • Плаќање со банкарски налог и верификација на оператор

Плаќањето со Банкарски налог може да се изврши од страна на Физичко или правно лице од сите Банки регистрирани на територија на Република Македонија со сосдветен налог за трансфер нa средства по извршената онлајн нарачка и избирање на начин на плакање ”Плакање со Банкарски налог” По извршеното плаќање од страна на купувачот вработениот оператор за контрола и потврда на извршена трансакција е должен да ја провери веродостојноста на податоците и износот на извршената уплата со Банкарскиот налог, по што се пристапува кон известување на купувачот по пат на СМС порака или електронска пошта, по што се врши организирање на испорака на производот(те) на дадената адреса за испорака од страна на купувачот.

 

  1. ИСПОРАКА 

Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава. Испораката на нарачката се врши исклучиво на подрачјето на Р. Македонија. Рокот на испорака е 5 работни дена, т.е. според работното време на курирските служби. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден. Работното време на нашиот online shop е 24/7.

Превземање на пратки Курирските служби PostExpress и Фалкон Логистик Курир (екстерни фирми кои ја вршат доставата за нас) пратките ги доставуваат на адресата за испорака со следното работно време и тоа: Фалкон Логистик Курир секој работен ден од 8 до 16 часот и сабота од 8 до 16 часот, а PostExpress секој работен ден од 9 до 19 часот и сабота од 9 до 19 часот. Ве молиме во тој период да има личност која ке може да ја прими доставата. При превземање на пратката потребно е да се изврши визуелен увид на пакетот, случајно да не има некои физички видливи оштетувања. Доколку забележите било какво оштетувања на самиот пакет или пак се сомневате дека можеби производот е оштетен, треба да се одбие пратката и во истиот момент да не известите по пат на e-mail contact@msmartefekt.com .

Доколку е се во ред со пратката без никакви оштетувања слободно превземете ја и потпишете се на испратницата која ќе ви ја приложи курирот. Секоја пратка има испратница во два примерока. Вообичаена пракса е доколку курирот не ве пронајде на назначената адреса, ќе треба да ве исконтактира на телефон-контакт кој сте го посочиле при креирање на нарачката и да се направи договор за нов термин за испорака на нарачката. Доколку и во тој случај повторно не ве пронајде на посочената адреса нарачката се враќа кај нас. Откако ќе ја примиме ќе ве исконтактираме за да дојдеме до заклучок и да се договориме за повторно испраќање.

Цена на Испорака Цената на достава за сите нарачки чија вредност е поголема од 650,- ден. е бесплатна!

 

  1. ОДГОВОРНОСТ НА М СМАРТ ЕФЕКТ ВО СЛУЧАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБА, НЕСООДВЕТНО И НЕОВЛАСТЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ?

М СМАРТ ЕФЕКТ во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на Купувачот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка односно доколку од било кои причини истата е злоупотребена или искористена без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи М СМАРТ ЕФЕКТ нема обврска да изврши поврат на уплатените средства. М СМАРТ ЕФЕКТ не е одговорен за трошоците за интернет сообраќајот на купувачот и нема да сноси одговорност за било која предизвикана штета која би можела да настане како резултат на прекин на интернет врската во моментот на користење на електронските услуги кога би се вршело онлајн купување.

 

  1. ЗАШТИТА И СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

М СМАРТ ЕФЕКТ се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и лични податоци на Купувачот од веб страницата на М СМАРТ ЕФЕКТ и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и други позитивни прописи од оваа област валидни во Р. Македонија. Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на М СМАРТ ЕФЕКТ www.msmartefekt.com  , се наведени во Политиката за приватност, која исто така е објавена на веб страницата на М СМАРТ ЕФЕКТ, www.msmartefekt.com  .

Во рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата или онлајн регистрација и како тие се користат. При посетата на веб страницата, М СМАРТ ЕФЕКТ не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога Купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации, на пример, доколку за купопродажба на производи и услуги внесот на лични податоци е задолжителен, во случај на учество во анкети, дополнителни маркетинг активности или барања за информации од страна на М СМАРТ ЕФЕКТ.

Приниципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на М СМАРТ ЕФЕКТ, вклучувајќи ги и Купувачите на производи и услуги од веб страницата на М СМАРТ ЕФЕКТ. Политиката за приватност не се однесува на посетителите на други веб страници до кои се пристапува преку веб страницатa на М СМАРТ ЕФЕКТ.

 

  1. ЕЛЕКТРОНСКОТО ПЛАЌАЊЕ ?

Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. За сигурноста на направените трансакции од страна на Купувачот гарантира АД Стопанска Банка Скопје. Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол.

Притоа, податоците поврзани со платежната картичка на Купувачот или неговата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска М СМАРТ ЕФЕКТ не ги собира гореспоменатите податоци и нема пристап до информациите поврзани со платежната картичка или сметката во банка. М СМАРТ ЕФЕКТ по ниту еден основ не презема одговорност за штета заради неовластена трансакција односно неовластено користење на личните податоци на Купувачот за време на реализација на електронското плаќање, бидејќи целокупното електронско плаќање е во надлежност на Банката.