Плаќањето за продуктите и услугите на М СМАРТ ЕФЕКТ купени преку веб страната www.msmartefekt.com може да се изврши на еден од подолу наведените начини:
- Плаќање со платежна картичка
- Плакање со банкарски налог и верификација на оператор
- Плаќање со платежна картичка
Електронското плаќање на нарачаните производи е овозможено преку НЛБ Банка АД Скопје, со сите картички од брендот на MasterCard и VISA издадени од која било банка во светот, а електронското дополнување е овозможено со истите картички издадени само во Р. Македонија. При плаќањето со платежна картичка, авторизацијата се врши автоматски онлајн преку CaSys. По успешно извршената авторизација, Корисникот прима известување за извршеното успешно/неуспешно плаќање по пат на е-пошта и/или СМС.
- Плаќање со банкарски налог и верификација на операторот
Плаќањето со Банкарски налог може да се изврши од страна на физичко или правно лице од сите банки регистрирани на територија на Република Македонија со соодветен налог за трансфер нa средства по извршената онлајн нарачка и избирање на начин на плакање ”ПЛАЌАЊЕ СО БАНКАРСКИ НАЛОГ”. По извршеното плаќање од страна на купувачот вработениот оператор за контрола и потврда на извршена трансакција е должен да ја провери веродостојноста на податоците и износот на извршената уплата со Банкарскиот налог, по што се пристапува кон известување на купувачот по пат на СМС порака или електронска пошта, по што се врши организирање на испорака на производот(те) на дадената адреса за испорака од страна на купувачот.
